Со должна почит кон навистина малобројните исклучоци, општествениот амбиент во земјава напросто буи од организми, кои можат да преживуваат само доколку се под директна контрола или барем во цврста спрега со власта. Во заробеништво. Не е важно дали тие притоа се нарекуваат интелектуалци, академици, стопанственици, невладини активисти, уметници… Тие што повнимателно ги следеа движењата на јавната сцена можеа и досега да забележат оти многу често едни исти личности ѝ се покоруваат на секоја власт
Актуелната влада ја ослободила државата од заробеништво, кажал премиерот Зоран Заев пред форумот што пред некој ден бил свикан за да ја одбележи двегодишнината од формирањето на Владата. Така барем пренесоа некои од медиумите. Тие нѐ информираа, но може да се претпостави дека во форумот имало доволен број универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти, кои со аплауз ја поздравиле изнесената констатација, високо кревајќи ги рацете за недвосмислено да му покажат на премиерот оти се подготвени повторно да одат во заробеништво, ако веќе досега тоа не им успеало. Да, добро прочитавте.
Со должна почит кон навистина малобројните исклучоци, општествениот амбиент во земјава напросто буи од организми, кои можат да преживуваат само доколку се под директна контрола или барем во цврста спрега со власта. Во заробеништво.
Не е важно дали тие притоа се нарекуваат интелектуалци, академици, стопанственици, невладини активисти, уметници… Тие што повнимателно ги следеа движењата на јавната сцена можеа и досега да забележат оти многу често едни исти личности ѝ се покоруваат на секоја власт. Без намера за оценување на начинот на владеењето на претходната власт, зашто тоа сега е историја, дури и за органите на правосудството, треба само да се потсети колку и кои луѓе во текот на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ имале завидни приходи, што како загарантирани месечни плати од државата или од приватните компании блиски со претходната власт, што како дебели профити од соработката со најголемиот стопан во земјава – Владата, што од членувања во разни управни, надзорни, советодавни… органи и одбори, што од субвенции, стипендии, проекти, привремени и повремени ангажмани со Владата или со некој од нејзините сателити… Премалку или премногу, зависи од која позиција се оценува, но секако доволно за истиот тој „режим“ непречено да се одржува на власт повеќе од една деценија. И покрај најниската просечна плата во регионот, поразителното ниво на животниот стандард, катастрофалното образование и здравството, речиси никаква социјална заштита и заштита на работничките права, енормното загадување, скромните економски резултати, константната депопулација, руинираната инфраструктура, максимално корумпираниот државен апарат, блокираните евроатлантски интеграции…
Тоа што на премиерот Заев не му пречеше кога истите тие организми продолжија да бујат и во неговиот мандат, е негов проблем, но проблем на јавноста е што владата на Заев не ги испорачува ветените резултати и што граѓаните сѐ уште не можат да почувствуваат значителен напредок во ниту една област од општеството. Дали за тоа е виновен Заев или луѓето на кои тој им го доверил вршењето на државните и на јавните служби и функции и кои од едно заробеништво преминаа во друго, повторно, е проблем на Заев. Но проблем на јавноста е што истиот тој Заев недозволиво долго тактизира со нивните смени
Толерирајќи го сето тоа, повеќето од споменатите своето „заробеништво“ добро го наплатија. Малкумина од нив беа „вовлечени“ во системот на измама поради некои свои претходни гревови, но дури ни тие не останаа со празни џебови. За разлика од голем број познати и непознати јунаци, кои „режимот“ повеќепати ги удираше по главата и кои на свој начин се бореа против него. И кои никогаш не почувствуваа дека се заробени. Инсистираа на својата слобода, неретко и со празни џебови, па дури и прогонети, затворени зад вистинските решетки.
Тоа што на премиерот Заев не му пречеше кога истите тие организми продолжија да бујат и во неговиот мандат, е негов проблем, но проблем на јавноста е што владата на Заев не ги испорачува ветените резултати и што граѓаните сѐ уште не можат да почувствуваат значителен напредок во ниту една област од општеството. Дали за тоа е виновен Заев или луѓето на кои тој им го доверил вршењето на државните и на јавните служби и функции и кои од едно заробеништво преминаа во друго, повторно, е проблем на Заев. Но проблем на јавноста е што истиот тој Заев недозволиво долго тактизира со нивните смени, па дури и се обиде да ги продаде како „метла“ разрешувањата од партиските функции. Граѓаните немаат ништо од чистките во партијата, тие сакаат да се замете низ државниот апарат од чие функционирање и ефикасност се директно засегнати. Но наместо за нови имиња подготвени и способни да ги придвижат работите, граѓаните секојдневно слушаат за понекој нов продавач на ветар и магла во Владата на која, покрај уште малку па 26 министри за сѐ и сешто, сосе нивни придружни тимови, ѝ се потребни уште и двојно повеќе советници. Никаква метла не го расчистува тоа, Заев треба да формира цел ресор за расчистување во и околу Владата и што е најважно, конечно, да се ослободи од професионалните режимски заробеници.