И тие влегоа во историја. Сега ќе можат ли да излезат?

Не толку одамна кога во гимназијата ЈБТ во Скопје имаше насочена насока за библиотекари по големата глобализациска програма на тогашниот образовен систем (претпоставувам дека не се променил и денес), идните библиотекари отидоа на практика во Историскиот архив на Македонија и добија задача да отворат некои кутии, како за чевли во кои содржината беше оценета како не толку важна, а внатре се чуваа разни древни сметки од преродбата од 19 и почетокот на 20 век, како и некои не толку важни и нејасни дописи и писма, кои немаа јасни потписи од кого се и на кого. Гимназијалците расчистија доста од тоа и во црни ќеси тоа беше однесено… Сепак, изгледа дека некому и тоа му било важно. Купиште писма на непозната адреса од нејасни причини стана достапно за мене. Одделувам едно и верувам дека изворот нема да има забелешки на објавувањето.

Од купиштето писма на Македонецот до Македонците.
Писмо одбрано на слепо.
Писмо бр. 13012019
Цитирам: „…Простор е секаде наоколу… тоа не значи… ни тука… ни… таму. Некогаш… одамна… пред се… НЕМАШЕ ПРОСТОР… и… потоа… гигантски БЛЕСОК… се чини дека просторот е измислен за да се случи СЀ… токму… овде…
ВЕ ПОЗДРАВУВАМ ПОЧИТУВАНИ.
Уморни сте? СЕ уморивте ли градејќи цивилизација за други?

*ДА СПРЕМО МАФКО? ДА ЗБЕРЕМО ДУШУ?*
Да погледнеме што сторивме зетови неолитски Трпе орестијски, Столе н’ д ‘мсе, Афеоне Oгнен, кралеви древни Каране, Филипе, Александре, цареви законодавни Константине, Управдо, цареви несреќни ВасИле, СамоИле… да се одмориме од тешкото наследство на доблеста… да се предадеме на утехата на расправата за пораките на традицијата, а остатокот од ноќта, која неоправдано трае да го поарчиме споредувајќи ја изворноста на традицијата со фабрикуваните интернационализми, глобализми и другите форми на насилство, кое се продава како *посветла иднина*. Да се ослободиме за момент од бесконечното стапнување на патот за патот кон ЕУ и НАТО, зашто: подобро е да не си присутен на свеченоста отколку да си таму безимен, безкорен, безличен, без почит постојано привремен жител на провизориум пред некој град, кој те смета за крадец, безрбетник, копиле… Да видиме што сторивме со нашиот град чии ѕидови стојат простум и покрај сѐ… Да се сетиме на нешто плитко, нешто што сѐ уште нема старост за да се квалификува како усвоено минато…

…На средбата помеѓу архитектите од нашиот полуостров и архитектите од Апенинскиот Полуостров, професорот Франко Пурини започна предавање со една суштина градителска, која ја потпишале и други: ГРАДОТ ПОСТОИ И ПРЕД ДА БИДЕ ИЗГРАДЕН! Градот едноставно го чека својот градител, кој ќе умее да ги прочита и преведе во реалност пораките на просторот, кој сам бара да кристализира во архитектура. Нешто малку порано големиот градомислител Луис Мамфорд ќе нагласи нешто слично: „…во 2 од 3 примера градот има корен во светите нешта, а не во грижата за физичкиот опстанок. Секоја генерација архитекти и теоретичари, секој сам и сите заедно стигнуваат до истиот заклучок: НИШТО НЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕГА ПРЕД ИСКУШЕНИЕТО НА ПРОСТОРОТ – неговата ПОРАКА низ ВРЕМЕТО ќе добие облик на традиција…“

Ако е така, ако просторот е метонимија за традиција, колку е упатно да се одобрува каков и да е интернационализам во архитектурата? Еве, просто: мразот спрема водата се однесува исто како архитектурата спрема просторот! А сепак интернационализмот е сѐ уште тука како *подарок*, кој е во дневната соба, а не знаете што бара кога никој дома нема што да слави! И е сѐ поагресивен, но лесно препознатлив иако носи нова етикета: ГЛОБАЛИЗАЦИЈА… Од каде?… Од кои побуди?… ПОТРЕБИ?… Доаѓа.
Учебникот вели: Доаѓа од идејата за ИДЕАЛНИОТ, ОЗАРЕНИОТ ГРАД на НОВОТО ВРЕМЕ (она другото што доаѓа од спомените е „старо“ со задолжително потценување), од ОЗАРЕНИОТ ЧОВЕК на ИДНИНАТА, млад со совршени пропорции според златниот пресек, со очила со црни рамки, со бел мантил залепен плакат на белата архитектура (без орнамент бидејќи е злосторство) и оптимистичка порака: ТЕХНОЛОГИЈАТА Е ОДГОВОРОТ – сега: ПОСТАВЕТЕ ГИ ПРАШАЊАТА!

Нашата филозофска мисла во древноста никогаш не се занимавала со темата ИДЕАЛЕН ГРАД. Аристотел се занимавал со оптималните димензии. Хиподам цртал ефикасни решенија за приспособување на просторот. Дејнократ со симболиката на урбаните потези, а градот за него е грандиозна свеченост. Дедал со загатката на животот ЛАВИРИНТ – ТУНЕЛ. Од каде кај западноевропските мислители потребата за ГРАД УТОПИЈА, ГРАД МАШИНА – совршен механизам за живеење? Совршениот механизам воопшто не подразбира совршен живот (тоа не е тема на мислителите), ниту мислата за таквата доблесна структура произлегува од потребата за достоинствен живот за жителите во проектот на утопистите. НАРАЧКАТА ЗА УТОПИЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ПОТРЕБАТА на ВЛАСТА за КОНТРОЛА на НАСЕЛЕНИЕТО! Утопијата, ГРАДОТ-УТОПИЈА е стилска вежба на тиранијата кон вечно опстојување на ВЛАСТ. СОВРШЕН ГРАД подразбира СОВРШЕН ГРАЃАНИН, но СОВРШЕН СПОРЕД КРИТЕРИУМИТЕ НА ВЛАСТ!

Да посветиме сега внимание и на спротивната сила. ТРАДИЦИЈА. Што е традиција? Наједноставен одговор: Традицијата е порака! Порака што една генерација ѝ ја пренесува на друга во рамките на ист општествен и културен контекст. Културата во својата етимологија подразбира растеж, одгледување на растежот. Културата бара и друга култура од потребата за хармонија. Традицијата значи постојана надградба на јадрото и неприфаќање на совршена ненадминливост. ИЛИ совршена константна ВЛАСТ. Традицијата не бара стандард во смисла на просек. Затоа неизбежен е судирот ТРАДИЦИЈА – ГЛОБАЛИЗАЦИЈА! Овој судир се одигрува насекаде на светот. Овој судир се одигрува во Европа. Овој судир е најжесток на нашиот македонски (македонско го именувам според географиите до 1804-та, ако е според ЦОЈНЕ ќе биде Балкан) полуостров.

Да го проследиме ова тивко, но ужасно девастирање на територијата на Македонија, кое најјасно се препознава во градските јадра. Битола (епизодата со плоштадот на Антолиќ), Велес (епизодата со плоштадот и кулата со подобрувањето на чешелот), Прилеп со участакот и Прилепчанка, Кукуш да не заборавиме со срамнувањето со земјата, Куманово со стоковната и кулата, Струга… Скупи, Стоби, Вардарски Рид, Хераклеја… (низ центарот на древните градови врват автопати). ЗОШТО? Зошто глобализацијата се фокусира на Македонија! Или само ми се присторува? Кога се појавува глобализацијата како идеја и каде? „….Писмото е или со реторичко прашање или недостигаат страници. Прашањата си навираат и едно од нив е одговорот.
За архитектите постои одреден показ во извештајот на арх. Ричард Семка, член на Советот на меѓународната унија на архитекти од 1996 година. Го цитирам: „Ова е само врвот на ледениот брег, кој сепак ни овозможува да ЈА ПРЕТПОСТАВИМЕ целата КОМПОЗИЦИЈА“.

И додека на Запад догоруваше денот… и додека меѓу стените виеше реката… и додека на оној РИД овчарите имаа свирки…..*
Почит за тебе Јонче Котески.