Сребренo шише за бренди, кое припаѓало на патник од првата класа на „Титаник“, продадено е на аукција за 76 илјади фунти (88 илјади евра).
Сопственикот го добил шишето непосредно пред да се удави, откако бродот потонал, пренесува Би-Би-Си.
Додека „Титаник“ тонел, Хелен Черчил Канди му дала на Едвард Кент шише на кое било изгравирано мотото на нејзиното семејство „верни, но несреќни“.
– Ти имаш повеќе шанси да преживееш отколку јас – му рекла Канди на Кент.
Меѓутоа, Канди преживеала, а Кент загинал, заедно со повеќе од 1.500 патници. Шишето било пронајдено истовремено со неговото тело.
Сребреното шише за бренди беше продадено на аукција во Вилтшир, каде беше опишано како еден од најмоќните тридимензионални предмети од „Титаник“ некогаш понудени на аукција.