Чифт чевли изработен од кожа, злато и дијаманти е изложен во Дубаи и е понуден на продажба за 17 милиони долари, што е апсолутен рекорд, тврдат организаторите.
Чевлите од вчера се изложени во Бурџ ал-Араба, една од палатите во Дубаи.
Дизајнирани и изработени во Италија, чевлите имаат 236 дијаманти и уште два 15-каратни дијаманта со ознака Д(совршена боја и чистота).
– Дубаи е град на милионери и милијардери и е потенцијален пазар на подрачјето на Заливот и посебно во Саудиска Арабија за таков вид на производи – појасни Хемант Карамчандан, човек што работи со скапоцености и чија идеја е понудата на ваквата креација.