Војводата од Кембриџ зборуваше за својата тага по објавата на неговито брат за повлекувањето од кралското семејство. Исто така изрази жалење што кралското семејство повеќе не е тим, пренесе „Сандеј тајмс“.
– Цел живот го поддржвав брат ми, но веќе не можам. Ние сега сме два одвоени света. Тажен сум поради тоа. И се што можеме да направиме, се што можам да направам, е тоа да ги подржиме и да се надеваме дека ќе дојде денот кога повторно исто ќе мислиме. Сакам сите да бидеме во една екипа – му кажал Вилијам на еден свој пријател.
Британското кралско семејство утре ќе се состане за да ја разгледа натамошната иднина на војводата и војводката од Сасекс, откако двојката во средата соопшти дека ќе се повлече од должноста на „виши“ членови на кралското семејство и ќе стане финансиски независна, пишува британскиот весник.