Меган Маркл и принцот Хари ќе снимаат реално шоу за „Нетфликс“ во траење од три месеци. Тие тврдеа дека ја сакаат својата приватност, но според извори на „Сан“ тоа ќе биде еден вид документарно шоу со фокус на нивната добротворна работа. Хари и Меган неодамна потпишаа договор со „Нетфликс“ вреден 112 милиони фунти за снимање на телевизиска серија, филмови и детски емисии за стриминг сервисот.
– Можеби тие имале свои идеи за тоа како да ги нагласат проблемите околу животната средина и јазот во сиромаштијата, но „Нетфликс“ очигледно си го бара својот дел. Сето тоа ќе биде со стил и многу поинаку од реалното телевизиско шоу на Кејти Прајс и Питер Андре. Тие сакаат да им овозможат на луѓето да видат дел нивните животи и да имаат претстава за нивната добротворна работа – изјави извор близок на „Дејли мејл“.
Според изворот „во поголемиот дел ќе биде застапен нивниот филантропски ангажман, отколку што ќе го направат зад затворени врати. Но, тоа сепак ќе биде интересно и Меган се надева дека гледачите ќе ја видат вистинско светло“.
Ингрид Сувард уредничката на списанието „Маџести магазин“ рече дека парот бил „лицемерен“ затоа што се согласил на реално шоу бидејќи ја напуштиле Велика Британија и заминале во САД за поголема приватност.
– Ова е токму она што тие рекоа дека нема да го прават. Тие поставија голем план и го исполнуваат. Сето тоа го прават под свои услови – додала таа.
– Парот веќе има неколку проекти на кои се работи, вклучувајќи иновативни документарни серии за природата и анимирана серија што е посветена на инспиративни жени. Но, во овој момент не откриваме за што се се работи – изјавил портпарол на „Нетфликс“ за „Дејли мејл“.