Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера завршија со својата последена кралска должност во Вестминстерската опатија. Парот се придружи на кралицата Елизабета Втора и другите членови од кралското семејство на годишна служба по повод Ден на Комонвелтот.
Службата по повод Денот на Комонвелтот е главен настан во кралскиот календар, а деведесет и тригодишната кралица прифатила да биде лидерка на оваа организација сочинета од 54 држави уште во 1952, година кога имала 26 години.
Хари и Меган седеа на своите места пред пристигнувањето на кралицата, наместо да и се придружат на нејзината поворка и да влезат во црквата со неа, како минатата година. Принцот Вилијам и Кејт, војвотката од Кембриџ, исто така, не учествуваа во традиционалната поворка на кралицата, правејќи го отсуството на парот што заминува помалку нагласено.