Продукцијата „Дизни“ го објави првиот трејлер за авантуристичката акција „Артемис Фел“, во режија на познатиот британски режисер Кенет Брана. Овој филм претставува екранизација на книгата на Еуин Колфер, која ја донесува приказната за ликот Артемис Фел, млад ирски криминалец, кој е суров, зол и многу интелигентен. Негова главна цел се парите, но со текот на времето ќе почне да се менува. Дејството на филмот, како и на книгата, почнува кога Фел киднапира една калуѓерка за да добие откуп, за да ја финансира потрагата по својот исчезнат татко.
„Артемис Фел“ е всушност серија на детски книги, во која се испреплетуваат мрачните сили, слично како во „Хари Потер“. Сепак, овој серијал отскокнува од традиционалните четива за најмладите, бидејќи во делата на Колфер недостига сеприсутниот позитивен лик.
Во оваа фантастична акција глумат: Миранда Реисон, Хонг Чау, Џуди Денч, Џош Гад и други.
Филмот премиерно ќе биде прикажан на 9 август идната година.