Посетителите на државата Вануату можат да испратат писма и разгледници на необичен начин, по пат на водна пошта до која ќе можат да стигнат само ако знаат да нуркаат. Ова необично „работно место“ се наоѓа на дното на океанот, односно на длабочина од три метри, а задачата на вработениот е да ги прифаќа и да ги испраќа специјалните водоотпорни писма и разгледници.

Сите пратки редовно ги собираат четворица вработени во поштата, кои се обучени нуркачи, а потоа ги носат во централата на копно, од каде што се испраќаат на назначените дестинации. Во подводната пошта е вработено лице, кое работи еден час на ден, но кога тоа не е таму, писмата и разгледниците се стават во поштенското сандаче. Оние што не знаат да нуркаат можат да побараат помош од локалното население, пишува „Мирор“.

Подводната пошта во Вануату, која се наоѓа на островот Хајдавеј, работи од 2003 година, а досега ја посетиле околу 100.000 туристи.