Случувањата поврзани со популарната тројка Анџелина Џоли, Бред Пит и Џенифер Анистон постојано ги полнат страниците на жолтиот печат, а од скоро се појавија и нови детали. Имено, периодов се шушкаше дека Џенифер и Бред ја обновиле својата врска, но тоа многу ја налутило Анџелина, па таа сега се подготвувала да ја тужи Џенифер.
Бидејќи наскоро треба да се одржи судска парница меѓу Анџелина и Бред во врска со старателството над нивите шест деца, глумицата сака да употреби аргументи против бившиот сопруг, со тоа што ќе истакне дека Бред ја запознал Џенифер со нивните три деца, наведуваат странските медиуми. Причина за тоа е нејзината огорченост поради нивното помирување, преку што тешко може да помине.
– Анџелина, наводно, им зборува на блиски пријатели дека Бред и Џенифер ќе платат за тоа и дека таа сосила ќе ја одвлечка глумицата на суд, за да можат адвокатите да ја бомбардираат со непријатни прашања – открил доверлив извор.
Анџелина и Бред се запознале за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година. По извесно време љубовта ја крунисале со брак, но пред три години одлучија секој да тргне по својот пат.