Стивен Кинг ја сподели „најдобрата идеја“ што ја имал досега за роман – и таа е поставена во светот на една од најпознатите филмски хорор-франшизи во светот. Авторот зад класиците како „Сјаење“ и „Мизерија“ се огласи на Твитер, откривајќи дека тој некогаш планирал да напише приказна раскажана низ очите на Џејсон Вурхиз, маскираниот убиец што се наоѓа во фокусот на серијалот „Петок 13“.
– Најдобрата идеја за роман што никогаш не ја напишав (а веројатно и никогаш нема да ја напишам) е „Јас, Џејсон“, нарација на Џејсон Вурхиз во прво лице – напиша Кинг, додавајќи дека книгата би била за „пеколната судбина“ на ликот, прикажувајќи го „неговото одново и одново убивање во кампот на езерото Кристал“.
Идејата на Кинг да додаде свое дело во светот на постојната хорор-франшиза би била возбудлива вест за љубителите на жанрот. Сепак, се чини дека тоа никогаш нема да се случи. Тој посочи дека една од клучните причини зошто тој никогаш не ја истражувал идејата е затоа што „само размислувањето за пробивање на легалните бариери и барање дозвола за користење на ликовите ми предизвикува главоболка“. Кинг вели дека би бил повеќе од среќен за продуцентот Џејсон Блум да ја претвори неговата идеја во она за што верува дека би бил успешен филм.
– Не треба ли некој да ја раскаже Џејсоновата страна на приказната? „Блумхаус“ можеше да го стори тоа како филм – додава тој.