Советот на фестивалот „Охрид фест 2021“ упатува најдлабоко сочувство до семејствата на починатите по трагедијата во Тетово и сочувствува со нивната болка.
„Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10 и 11 септември, се одлучивме тој да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на Долни Сарај. Нема да има озвучување, а по договор со МРТ, ќе се емитува по деновите на жалост. Ова е единствено решение во овие тажни денови, бидејќи изведувачите од целиот Балкан се веќе пристигнати во Охрид“, се вели во соопштението што го упати до медиумите Советот на фестивалот „Охрид фест“.
Новото, 28. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ требаше да се одржи утре и задутре, а на фолк и на интернационална вечер требаше да настапат седумдесетина изведувачи од нашата земја и од целиот регион.