Регулаторите во Калифорнија размислуваат за воведување на можноста за жителите на оваа американска сојузна држава да плаќаат надомест за текстуални пораки испратени од мобилниот телефон, пренесуваат американските медиуми.
Предложениот данок би им помогнал на државните фондови кои обезбедуваат телефонски услуги за сиромашните жители на Калифорнија. Овој предлог ќе биде тема на понатамошна дискусија од страна на Комисијата за јавни и комунални претпријатија на состанокот закажан за јануари в година.
Како оправдување за ваквиот чекор, се наведува образложението на регулаторите според кое текстуалните пораки ги користат истите мобилни предаватели преку кои одат и телефонските повици, но сепак, не се наплатуваат на ист начин. Состојбата е особено симптоматична последниве неколку години, кога бројот на гласовните повици нагло опадна.
Разни бизнис-групации веќе почнаа да го критикуваат овој нов предлог-закон, велејќи дека жителите на Калифорнија би можеле да се соочат со даноци во висина од вкупно 44 милиони долари годишно. Некои безжични оператори, како на пример „Епл“, би можеле да останат имуни на овие нови финансиски обврски поради апликациите каква што е „И-месиџ“.
Сѐ уште не е одлучено која би била можната висина на овој данок.