Еволуцијата е незгодна работа – без оглед што мислиме за тоа, ако ги погледнете луѓето како Мајкл Фелпс, Усеин Болт или Венус и Серена Вилијамс, веројатно веќе размислувате дека ние како вид сме го достигнале врвот на еволуцијата.
– Дури и ваквите, атлетски развиени и здрави тела се измачувани од низа проблеми – истакнува професорката по еволутивна биологија Алис Робертс.
Нејзина специјалност е анатомијата на телото, а Робертс тврди дека за над милиони години еволуција, сме создале многу проблеми, односно не толку идеални карактеристики.
Како вид, имаме развиено многу корисна способност да одиме на две нозе, но и поголем мозок од приматите. Токму овие способности веројатно ни предизвикале намалување на карлицата, но во исто време дошло до зголемување на черепот. Резултат на тоа е болното породување кај луѓето, додека за разлика од нас, приматите раѓаат и одат речиси веднаш по раѓањето како да не се случило речиси ништо, пишува „ИФЛ сајенс“.
Нашата способност да одиме на две нозе, без оглед колку е корисна, може да доведе до болка во грбот, со која многумина се среќаваат во подоцнежните години.
Сепак, нашиот ‘рбет е во форма на буквата S, што значи дека не се справува најдобро со сопствената тежина.
– Ако не се грижите за ‘рбетот со правилно држење на телото и редовно вежбање,’ рбетот трае 40-50 година, а потоа почнуваат проблеми – предупредува анатомистот Брус Латимер.
За да бидат работите покомплицирани, нашите грла се склони на задушување, а видот и слухот кај голем број луѓе нема да траат до тој степен што би сакале.
Набљудувајќи ги индивидуалните карактеристики на животните, професорката Алис Робертс одлучила што треба да „украдеме“ за себе за да ги достигнеме идеалите на човечкото тело.
– Инспириран од кучињата, мачките, цефалоподите, рибите, лебедите и шимпанзата, мојот модел има подобро срце, со повеќе артерии од човечкото, поефикасни бели дробови, беспрекорни очи, уши што подобро го зголемуваат звукот, поефикасни нозе и кожа на рептили што реагираат на блокирање на штетните ултравиолетови зраци – објаснува Робертс.
Крајниот резултат е ултимативен човек, односно нешто најдобро на што може да се надева еволуцијата или генетскиот инженеринг.