Гвинет Палтроу и Бред Фалчук вчера стапија во брак. Тие се во врска веќе четири години, откако актерката се раздели со својот поранешен сопруг, Крис Мартин. Фронтменот на групата „Колдплеј“ сепак не беше меѓу гостите на свадбената забава во Хемптонс, Лонг Ајленд, бидејќи во исто време тој учествуваше на фестивал во Њујорк. Тие имаат две деца, ќерката Епл (14 години) и синот Мојсеј (12 години).
Новиот сопруг на Гвинет е една година постар од неа, односно има 47 години. Тој е филмски продуцент, меѓу останатите и на филмот „Убиството на Џани Версаче“. Фалчук, исто така, има две деца од претходниот брак.
Свадбата се одржа на имотот на Палтроу во близина на океанот. Меѓу гостите беа Роберт Дауни Џуниор, Стивен Спилберг со својата сопруга Кејт Капшоу, Камерон Дијаз со сопругот Бенџи Маден, Џери Сајнфилд итн.
За прославата на имотот беа подигнати три големи шатори – еден за свадбената церемонија, еден за приемот по неа и еден за персоналот.
Гвинет и Бред се верија на почетокот на оваа година. Во април двајцата приредија раскошна вечера „Да ја прославиме нашата љубов“ во Лос Анџелес со 400 гости, на која присуствуваа Џулија Робертс, Џенифер Анистон, Кејт Хадсон и други. Моминската забава на Гвинет се одржа во Мексико.