Рок-легендите, членовите на групата „Ролингстоунс“ во саботата издадоа проширена верзија на нивниот албум „Goat’s Head Soup“ од 1973 година.
По повод излегувањето на новиот носач на звук, тие планираа голема турнеја оваа година, со закажани датуми во текот на целото лето, но, како и повеќето работи во 2020 година, и тие не се реализираа поради пандемијата на коронавирусот.
Сепак, Кит Ричардс за магазинот „Ролингстоун“ деновиве изјави дека членовите на легендарниот бенд не планираат да се повлечат.
– Навистина не можам да замислам да правам нешто друго. Можеби тоа ќе го наречете навика, но има нешто помеѓу нас, нешто нераскинливо – вели тој.
И лидерот Мик Џегер останува оптимист дека бендот ќе се врати на сцената веднаш штом ќе биде безбедно.
– Можеби ќе свириме за многу малку луѓе. И да имаме доволно среќа да ги продадеме билетите, можеби ќе нема услови да настапиме, но да се надеваме дека сепак сѐ ќе биде добро. „Стоунси“ остануваат отворени за концерт на дистанца – изјави Мик Џегер.
Легендарниот лидер е загрижен за долгорочниот ефект на пандемијата врз музичката индустрија, имајќи предвид дека сите концерти, турнеи и други музички настани се откажани на неопределено време.