Роберт Патинсон е ново заштитно лице на брендот „Диор Хом“, за колекцијата есен-зима 2018.
Патинсон повторно соработува со Карл Лагерфелд, кој беше задолжен за фотографирањето, а сесијата е направена во студио во Париз.
Франуцската модна куќа соопшти дека Патинсон е совршен избор и вистински маж кој со својата елеганција, стил и извесна доза бунтовност, може да ги претстави новите парчиња облека.