ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп е дел од еразмус-програмата и периодов учествува во четири проекти, а еден од нив е „Љубовта е за сите“, кој се реализира преку партнерство меѓу училишта од Македонија, Романија, Шпанија, Хрватска, Кипар и од Италија.
Целта на проектот е да се промовираат културните вредности што ја поттикнуваат соработката меѓу учениците од различни земји, за да се подобри општиот став во однос на социјалната инклузија, различноста, родовата рамноправност и недискриминацијата.
– Учениците имаат можност да развијат стратегија на зајакнување на меѓусебното почитување и разбирање за помалку привилегираните, толеранција кон обесправените групи и лицата со посебни потреби. Исто така да се зајакне самодовербата кај женските ученици да ги извршуваат своите професионални цели за постигнување на родовиот квалитет во сите професии. Со проектот учениците, наставниците, емигрантите, имигрантите ќе добијат и ќе споделат знаења, ќе ја прифатат разликата помеѓу културите. Наставниците ќе научат да ги адаптираат наставните материјали и да работат со поединци според нивните потреби. На овој начин наедно треба да се зголеми мотивацијата на учениците за учење и употреба на странските јазици и ИКТ – посочуваат од училиштето.
Во проектот се вклучи и Литературниот клуб, кој творел на темата „Жената како трајна инспирација на нежноста“.