Домување
Секој предмет или уред во кујната има некаков контролен панел или рачка. Ги допираме пред да ги измиеме рацете или по приготвувањето сурова храна, поради што се појавуваат бактерии како листерија, салмонела и ешерихија коли. Сите тие можат да предизвикаат дигестивни проблеми. Кујнските ормани, рачки и сѐ друго треба да се чисти секојдневно по приготвувањето храна, користејќи средство за дезинфекција и чиста крпа или хартиена крпа.
Иако водата постојано минува низ мијалникот, микробите се акумулираат околу одводот. Според Националната фондација за санитарна заштита, 45 проценти од тестираните мијалници содржеле ешерихија коли или некој друг вид бактерии.
Повеќето овошја и зеленчуци ќе останат свежи подолго ако не се измијат пред да се стават во фрижидер. Меѓутоа, како резултат, внатрешноста на фрижидерот, вклучувајќи ги и фиоките, станува покриена со пестициди. Еднаш месечно треба да ги извадите фиоките и да ги измиете со детергент и топла вода. Направете го истото со остатокот од внатрешноста на фрижидерот.
Бактерии може да се најдат на штици за сечење, особено оние направени од дрво, кои се појавуваат дури и по една употреба. Важно е да имате најмалку две различни штици за сечење: една за овошје и зеленчук и една за месо.
Дури и чистата вода што се задржува во кафематот, блендерот и слични апарати може да биде идеална за појава на бацили. Расклопете ги и исчистете ги барем еднаш неделно. Може да ставите некои делови во машината за миење садови, а другите треба да се мијат во топла вода со детергент и добро да се исушат.