Канадскиот актер Кристофер Пламер, со седумдецениска филмска кариера, почина на деведесет и едногодишна возраст, пренесуваат светски медиуми.

Палмер глумел во филмовите „Звук на музиката“, „Човекот кој сакаше да биде крал“ и „Сите пари на светот“. Наградата „оскар“ за најдобра споредна улога ја освоил во 2011 година и е најстариот добитник на „оскар“ на осумдесет и двегодишна возраст.

Семејство на Пламер ја потврдило веста за неговата смрт, информирајќи дека тој починал мирно во својот дом во Конектикат, каде живееше со својата сопруга Илејн Тејлор.

Лу Пит, неговиот долгогодишен пријател и менаџер, изјавил дека Пламер бил извонреден човек кој ја сакал и ја почитувал својата професија.

– Низ својата уметност и хуманост ги допре нашите срца и неговиот легендарен живот ќе трае низ генерациите кои доаѓаат. Засекогаш ќе биде со нас – рекол Пит.