По повод Денот на државноста, претседателот на Србија, Александар Вучиќ им додели одликувања за заслужни поединци и институции.
Меѓу нагардените кои го примија одликувањето во Палатата Србија беа и: режисерот Емир Кустурица, рускиот вајар Александар Рукавишников, автор на споменикот на Стефан Немања и рускиот патријарх Кирил.
Орден доби и глумецот Александар Берчек, виолинистот Стефан Миленковиќ, оперската пејачка Јадранка Јовановиќ, како и поетот Перто Зубац, сликарот Милан Маринковиќ, сценаристаката на филмот „Дара од Јасеновац“, Наташа Дракулиќ, композиторот Горан Бреговиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, музичарот Момчило Бајагиќ Бајага и други, објави агенцијата Танјуг.
Признание добија и деветмина кинески лекари кои заедно со срспките колеги изминатиот период се бореа со ковид-19.