Ако сте еден од оние што работат од дома во последните неколку недели, можеби во почетокот ќе се чувствувавте одлично. Нема повеќе вознемирувачки утра и аларми, сообраќаен метеж и слични непријатности што ги имате на пат за работа. Сепак, и работата од дома има свои недостатоци. Иако тоа можеби ви изгледа забавно, најдобро е да се придржувате до вашата вообичаена рутина, затоа што со неа имате многу придобивки кога станува збор за вашата продуктивност на работа. Има неколку причини зошто треба да се придржувате до вашите навики, дури и во овие денови.
Полесно ќе се справите со стресот: сосема е разбирливо дека, со оглед на сето она што се случува, ќе се најдете во одредена состојба на страв, анксиозност и вознемиреност. Сево ова во вас ќе создаде стрес, што во никој случај не е добро, како за вашата продуктивност во бизнисот така и за вашето здравје.
Побрзо и полесно ќе се вратите во секојдневниот живот: иако тоа можеби ви се чини некако далеку, оваа ситуација ќе помине и нашите животи на крајот ќе се вратат во нормала. Поради оваа причина, многу е важно да не ги заборавите своите навики, затоа што ќе ви биде многу потешко одново да се навикнувате.
Добро е за вашето здравје: држењето до некоја рутина е исто така добро за вашето здравје. Тоа, исто така, ќе ви помогне да одржите посилен имунитет и отпорност. Продолжете да се придржувате до вашиот распоред за спиење, јадете редовно и занимавајте се со досегашното хоби, а можете да најдете и некое ново.