Иако чувствителноста на глутен се смета за модерен тренд, некои луѓе навистина страдаат од таков синдром, а лекарите ги наведоа основните симптоми.
1.Промена на расположение
Освен што влијае на варењето на храната, глутенот влијае и на психата. Се поврзува со примена на расположението, анксиозноста, депресијата и хиперактивноста, а експертите велат дека овие симптоми ќе се ублажат едноставно со отфрлање на храна со глутен.
2.Постојан умор
Како последица на нетолеранцијата кон глутен се појавува хроничен замор и намелена енергија, особено после јадење.
3.Главоболки и вртоглавица
Можни се и мигрени, докажуваат снимките од мозоците на заболени лица од цилијакија. На нив се гледа воспаление во нервниот систем кое најверојатно е предизвикано од недподносливите главоболки. Тоа воспаление предизвикува, укоченост и трнење во телото.
4.Хормонални промени
Воспалението кое предизвикува нетолеранција на глутен ги оптеретува надбубрежните жлезди и го нарушуваат работењето на ендокриниот систем. Токму поради тоа се менува нивото на хормони во телото, што може да предизвика неплодност и неправилен менстурален циклус.
5.Чешање и осип
Кога телото се бори со глутенот кој не може да се свари, тоа може да предизвика појава на осип и чешање по цело тело, а најчесто на грбот и на горниот дел од рацете. Ова воспаление е резултат на формирање антитела од имунолошкиот систем, а промените на кожата може да личат на псоријаза.