Медицинската сестра Лиза Енорт победи на натпреварот во Шведска за кој се пријавија околу 12.000 луѓе и освои необична награда. Таа седум дена сама ќе гледа 60 часа од филмската програма на филмскиот фестивал во Гетеборг, во светилник на оддалечен остров, пренесува Би-би-си“.
– Се надевам дека ќе уживам да бидам дел од една сосема поинаква реалност, една недела – изјавила Енорт, која за време на пандемијата таа работела во шведските ковид-центри.
Организаторите на фестивалот беа принудени да го намалат обемот на настаните поради пандемијата. Филмовите нема да се прикажуваат во киносалите, туку преку Интернет. Според организаторите нивна цел била да пронајдат вистински љубител на филмот кој одговара на задачата.
Енорт, која рече дека е исцрпена од пандемијата, ќе помине сама една недела во светилникот „Патер Ностер“ на островот Хамнескар, без телефон, лаптоп и без книги.
– Ветрот, морето и можноста да бидам дел од една поинаква реалност за тие седум ден, е многу привлечно – рече медицинската сестра.
Енорт живее во Сковде, недалеку од Гетеборг и е член на локален филмски клуб. Во саботата наутро, Енрот бил префрлена со брод на остров во близина на Марстранд. За време на нејзиниот престој на островот, таа ќе води видео-дневник.