Меган Маркл и принцот Хари требаше да престанат да ја користат својата веб-страница на „Сасекс Ројал“, но таа сè уште е активна и покрај забраната на кралицата, пишува британски „Експрес“.
Принцот Хари и Меган Маркл требаше да престанат да го употребуваат зборот „кралско“ во врска со нивните имиња, по нивната одлука да се повлечат од високите кралски обврски. Парот официјално се откажа од своите кралски обврски на крајот на март и како дел од нивниот договор за разрешување со кралицата Елизабета Втора, од нив се очекуваше да престанат да го користат својот бренд „Сасекс Ројал“.
Иако се подразбираше дека планираат во иднина да започнат со својот нов потфат „Арчивел“, нивната веб-страница на „Сасекс Роја“ сè уште е активна.
Во февруари портпаролката на Сасекс потврди дека тие повеќе нема да го користат називот „Сасекс Ројал“.
– Додека војводата и војвотката се фокусирани на плановите за формирање на нова непрофитабилна организација, со оглед на специфичните правила на владата на Велика Британија околу употребата на зборот кралски, договорено е дека нивната непрофитна организација, која ќе биде објавена оваа пролет, нема да го носи името „Ројал Сасекс“ – кажа портпаролката.
„Иако не постои надлежност на монархијата или канцеларијата на Кабинетот за употреба на зборот „Ројал“ во странство, војводата и војвотката од Сасекс немаат намера да го користат „Сасекс Ројал“ или какво било повторување на зборот „кралско“ на која било територија (или во рамките на Велика Британија или на некој друг начин) кога транзицијата ќе се случи напролет во 2020 година“ објавија Хари и Меган во изјавата на нивната веб-страница.
Сепак, нивната ве-бстраница „Сасекс Ројал“ останува активна и не е јасно кога тие имаат намера да ја одстранат.