Поп-иконата Мадона ги покани Меган Маркл и принцот Хари да се преселат во нејзиниот стан во Њујорк, преку видео-порака која за кратко време го обиколи светот и предизвика лавина реакции.
Меган Маркл и принцот Хари купиле замок во западен Ванкувер за кој платиле 27,5 милиони долари, но Мадона смета дека би било подобро за нив во Њујорк, бидејќи Канада според неа е „здодевна“.
– Немојте да бегате во Канада. Таму е здодевно! Ќе ве пуштам да живете во мојот стан во Њујорк, во Централ Парк Вест. Го има најдобриот поглед на Менхетн и неверојатен балкон, тоа ќе биде пресудно – кажа Мадона во видеото.
– Погледот е секако многу подобар од оној на Бакингемската палата, нема момци со волнени капи – продолжи пејачката, алудирајќи на кралската стража.
Прекрасниот дом на Меган и Хари во Канада, што неодамна го купија, има четири ката, шест спални соби и пет бањи. Вилата има 640 метри квадратни, а за новиот недвижен имот на славната двојка се зборува низ целиот свет, откако ги напуштија кралските должности.