Љубителите на „Паркот Јура“ со одушевување ја дочекаа информацијата дека сите тројца оригинални актери од првиот дел на филмот, Лора Дерн, Сем Нил и Џеф Голдблум, по долг период ќе се појават заедно во третото продолжение на „Светот Јура“.
Дерн, Нил и Голдблум ќе ги повторат своите првични улоги од 1993 година, заедно со sвездите на „Светот Јура“ Крис Прат и Брус Далас Хауард во претстојниот филм во режија на Колин Тревороу.
Режисерот Тревороу ја откри веста по последната проекција на „Светот Јура“ во Холивуд. Во истата пригода, актерката Лора Дерн го потврди своето учество во третото продолжение.
Од друга страна, Голдблум на Инстаграм објави колку е возбуден за своето враќање во филмот, повторно во улогата на доктор Малком. Стивен Спилберг и Колин Тревороу ќе бидат извршни продуценти на „Светот Јура 3“, а ќе го продуцираат и Френк Маршал и Пат Кроули.
Филмот на обожавателите им дава преглед на луѓето што се обидуваат да ја преживеат неочекуваната и смртоносна инвазија на диносаурусите во сопствената земја.
Обединувањето на оваа актерска екипа во филмот „Светот Јура 3“, ја воодушеви и актерката Рис Витерспун, која на Твитер изјави дека не може да дочека да го види филмот.