Кралицата Елизабета (94) сѐ уште е во изолација во замокот Виндзор со нејзиниот сопруг, принцот Филип (98). Тие отидоа таму во средината на март, а британските медиуми пишуваат дека кралската двојка одлично се сложува.
Поради мерките на претпазливост им се придружија само неколкумина од нивните вработени, а својот персонал кралицата го сведе на минимум. Таа го поминува своето време читајќи весници и разговарајќи со остатокот од семејството преку видеоповици. Надвор ретко излегува.
Нејзиниот градинар Греам Стоун изјави дека кралицата е одушевена од птиците за кои се грижи додека е во изолација.
– Знам дека сака да ги види кај Виндзор – рече градинарот, додавајќи дека во една пригода кралицата спасила птица која ја заплеткала ногата во жица. Елизабета го видела тоа, и го повикала градинарот да и помогне.
– Не кажувајте им на децата, но јас и Филип, всушност, ги продолживме празниците. Се чувствувам лошо. Моите деца имаат толку многу сила, не знам како – изјави кралицата неодамна изјави за „Би-би-си“.