Медицински совет
Истражување објавено во магазинот „Американ колеџ оф нутритишн“, во кое истражувачите ја проучувале исхраната на 453 возрасни луѓе во различни земји, откри дека шеќерот претставува инфламаторна супстанција, која може да предизвика разни воспаленија во телото. Исто така овие воспаленија, последица на зголемена употреба на шеќер во исхраната, предизвикувале влошување на проблемите со кожата.
Истражување објавено во „Журнал од педиактрикс“ ја проучувало поврзаноста меѓу консумацијата на безалкохолни пијалаци преполни со шеќер и појавата на акни. Истражувачите откриле дека ризикот од појавата на овие кожни промени е значително поголем кај адолесцентите што секојдневно ги пиеле овие напивки во споредба со оние што не консумирале засладени сокови.
Воспалението предизвикано од прекумерно внесување шеќер во крвта може да ја влоши состојбата и кај други кожни болести, а може да предизвика и појава на егзем и розацеја, што може да доведе до долготрајни проблеми, како и до потемен тен на кожата и побрзо стареење. Исто така шеќерот може да предизвика проблеми со варењето. Гликозата во крвта може да ја намали разновидноста на бактериите во цревата само за една недела, а тоа го забавува варењето. И појавата на дебелина и кариес на забите е сигурен знак дека треба да го намалите внесувањето на шеќер во организмот.