Кинеската Национална вселенска агенција (ЦНСА), со помош на ракета-носач, од космодромот Таијуан во провинцијата Шанкси го лансираше сателитот Гаофен 5, наменет за далечинско сондирање на Земјата.
Гаофен 5 е опремен со апаратура за хиперспектрална визуелизација и е дел од проектот за набљудување на земјината површина во висока резолуција.
Една од главните задачи, меѓу останатото, ќе биде да ги лоцира изворите на загадување на воздухот и да го мери присуството на штетни гасови во атмосферата.