Се поставува прашањето како Ким Кардашијан и Канје Вест ќе го делат заедничкото богатство од 2,2 милијарди долари откако таа поднесе барање за развод од раперот.
Како што пренесуваат медиумите, славниот пар има потпишан предбрачен договор за заштитат заработеното пред бракот и се предвидува разводот да тече спогодбено и без турбуленции.
„Форбс“ во јануари процени дека Кардашијан и Вест имаат заедничко богатство со нето вредност од 2,2 милијарди долари. Според „Форбс“ Вест индивидуално вреди 1,3 милијарди долари, а најголемиот дел од неговиот приход е резултат на неговата успешна модна марка „Јизи“. Богатството на Кардашијан, пак, се проценува на околу 900 милиoни долари.
Голем предизвик ќе биде поделбата на средствата што тие ги стекнале во текот на нивниот речиси седумгодишен брак, во кои се вклучени автомобили, колекционерски предмети, уметнички дела, накит и недвижнини. Медиумите, сепак, известуваат дека парот е близу до спогодба за имотот.