Секој август може да се ужива во метеорскиот дожд Персеиди. Персеидите највидливи беа синоќа, ноќта меѓу 11 и 12 август, меѓутоа со случен интензинтет ќе можат да се набљудуваат и следниве денови.
Што е метеорски дожд?
Во една ноќ можете да фатите како метеор пролетува преку темно небо на секои 15 минути. За време на метеорски дожд како Персеидите, повеќе ѕвезди што паѓаат се појавуваат на секој час во најинтензивните периоди. Овие дождови се појавуваат кога Земјата се судира со облак од отпад од комети и астероиди. Во случајот на Персеидите, отпадот е од кометата Свифт-Татл. Вакви честички не се поголеми од зрно песок и влетуваат во атмосферата на нашата планета со брзина над 160.000 километри на час. Метеорите горат во дел од секундата во горните слоеви на атмосферата, создавајќи линија од светлина што се гледа на небото.
Што се Персеидите?
Во текот на една календарска година има десетина метеорски дождови, а Персеидите се едни од најголемите и најпознатите. Тие се активни од 17 јули до 24 август, а се најактивни во ноќта меѓу 11 и 12 август, кога има наплив од метеори низ небото во текот на ноќта.
Како можат да се гледаат Персеидите?
Персеидите можат да произведат еден до два метеора во минута. Било какво светлосно загадување или месечева светлина значително го намалува бројот на видливи објекти. За небесната претстава во 2020, бидејќи месечината во последна четвртина изгрева околу 11 часот, најдобро е да се бараат метеори веднаш по стемнување и пред изгревот на месечината.
Метеорите изгледаат како да излегуваат од соѕвездието Персеј, по кое е наречен дождот, кое ова време во годината изгрева по полноќ на североисточното небо низ целата северна полутопка. Но се препорачува да се гледа кон североисток од почетокот на ноќта за да се фатат дури и заостанатите ѕвезди што паѓаат. Не се потребни телескопи и двогледи. Персеидите најдобро се гледаат од темно место, далеку од градските светла и со непопречен поглед кон небото над нас.
Персеидите нема да бидат толку видливи во светлосно загадена област, но можно е да се ужива во искуството. Исклучете ги надворешните светла и замолете го и вашиот сосед да го направи истото. Во вакви услови би можеле да забележите една или две ѕвезди што паѓаат на неколку минути.