Нега и убавина
Пред да се решите да набавите серум за лице добро упатете се во типот на вашата кожа, а потоа распрашајте се за состојките што треба да ги поседува серумот. Ви нудиме мал водич што ќе ви помогне при изборот.
За кожа склона кон акни: најдобар е серум со витамин Ц (го поттикнува производството на колаген и регенерацијата на кожата), ретинол (уште еден антиоксиданс, ги ублажува воспаленијата), цинк (ги смирува иритациите, го регулира лачењето на себумот) и салицилна киселина (ги чисти порите).
За дехидрирана кожа: витамин Е (силен антиоксиданс што го спречува губењето на влагата), ниацинамид (го зголемува нивото на церамид во кожата и ја прави поеластична), гликолна киселина (врши нежна ексфолијација и ја изедначува бојата на кожата) и хијалуронска киселина (дава интензивна хидратација).
За уморна кожа без сјај: супстанции како екстрат на зелен чај, ресвератрол и ферулична киселина, кои имаат докажано антиоксидативно дејство, го поттикнуваат ефектот на кремите за заштита од сонце, ја зголемуваат репарацијата и ги обновуваат клетките во текот на ноќта.