Астрономски календар за 2021 година
Годината зад нас, од астрономска гледна точка, беше обележана со голем број интересни настани на небото, а според најавите на светските астрономски организации, 2021 година ќе биде еднакво интересна.
Оваа година, љубителите на астрономијата можат да очекуваат метеорски дождови, затемнувања на Месечината, супермесечини, па дури и целосно затемнување на Сонцето. Благодарение на податоците на најважните вселенски организации, можете да ги дознаете датумите на сите поголеми астрономски настани што нè очекуваат во 2021 година.
На 28 јануари можеме да ја очекуваме првата полна месечина на небото во 2021 година. За разлика од почетокот на годината, во февруари и март, кога станува збор за астрономски настани, единственото нешто што вреди да се забележи ќе бидат деновите на полна месечина, а тоа треба да се случи на 27 февруари и 28 март.
Чудесниот и исклучително интересен дожд од метеори Лириди што може да испрати облаци од прашина на Земјата, можеме да го очекуваме на 21 и 22 април, а првата Супермесечина оваа година ќе ја посети нашата планета на 26, односно 27 април, кога ќе биде видлива за жителите на Земјата.
Метеорскиот дожд Ета Аквариди ќе биде видлив на 6 мај годинава. Метеорите потекнуваат од Халеевата комета и заедно со Орионидите се всушност расфрлани остатоци од мраз и честички од прашина што горат додека влегуваат во атмосферата на Земјата. Крајот на месецот, поточно 26 мај, ќе биде обележан со Супермесечина и целосно затемнување на Месечината што ќе може да се види од Австралија, Источна Азија и од Америка.
Затемнувањето на Сонцето ќе биде видливо на 10 јуни од Северна Америка, Европа и од Азија. На крајот на месецот, 24 јуни, ќе има и полна месечина.
Крајот на седмиот месец ќе го обележат две појави. Полната месечина ќе се појави на 23 јули, а на 27 и 28 јули, соодветно, дождот Јужни Делта аквариди ќе биде видлив од одредени делови на планетата.
Август е месецот што ќе обележи три настани на небото. На 12 август, метеорскиот дожд Персеиди, познат и како „Солзите на Сент Лоренс“. Овој настан секоја година го следат астрономските друштва во светот. На 22 август ќе има полна месечина, а последниот ден од месецот, 31 август, ќе биде обележан на небото со уште еден дожд од метеори Ауригиди.
На 19 ноември полна месечина и делумно затемнување на Месечината ќе бидат видливи од Америка, северна Европа, источна Азија, Австралија и Тихи Океан.
Крајот на 2021 година, 4 декември, ќе го означи целосното затемнување на Сонцето што ќе биде видливо од Антарктикот и од јужниот дел на Африка. На 14 декември ќе биде видлив метеорскиот дожд Геминиди, а последниот астрономски настан што вреди да се забележи ќе биде на 18 декември кога можеме да очекуваме полна месечина на небото.