Понекогаш е тешко косата да се одржува здрава и бујна, а има многу препарати за волумен, кои, за жал, не се ефикасни, ниту пак здрави. Меѓутоа има и друг начин, едноставна масажа што можете да ја правите сами дома, а може да биде многу корисна. Една од нив е индиската масажа на темето. Оваа практика е стара повеќе од илјада години и вклучува ритмички движења на некои акупресурни точки.
Нежно со прстите на двете раце притиснете го темето и тријте – повторете ја постапката два-три пати. Потоа полека повлечете ја косата наназад за да се ослободите од напнатоста. Со дланките стиснете ги слепоочниците и правете кружни движења. Масирајте го вратот и таа постапка повторете ја неколкупати. Со палците правете мали кругови, масирајќи ја задната страна на главата.
Тријте го темето и повторете ја постапката неколкупати, а масирањето треба да трае од 20 до 30 минути.
Оваа масажа, освен што вашата коса ќе ја направи бујна и сјајна, ќе ви го намали и стресот. Исто така, третманот ја ублажува напнатоста и го јакне имунолошкиот систем, ги зголемува подвижноста на зглобовите и флексибилноста во вратот, циркулацијата и протокот на лимфата. Масажата го намалува очниот притисок и го подобрува протекот на крвта кон главата.