Иако трчањето и долгите тренинзи во вежбалница се одлични поради повеќе причини, суперкратките интензивни тренинзи на интервали дефинитивно можат да играат улога во тоа да бидете посилни, поподготвени и поздрави од кога било. Според студијата на Општата болница во Масачусетс, САД, можете да ги подобрите вашето здравје и кондиција со само 12 минути интензивно вежбање.
Истражувачите тврдат дека ова е поврзано со корисните промени во нивото на „метаболитите“ што циркулираат во телото за време и по кратки вежби со висок интензитет, кои се, едноставно кажано, нуспроизводи на вашиот метаболизам.
За да се процени и испита ова, од 411 мажи и жени било побарано да направат 12 минути интензивно вежбање, а нивните метаболити биле измерени пред и веднаш по тестот на крвта. Од примероците по вежбањето, истражувачкиот тим открил „поволни промени во голем број метаболити за кои претходно се покажало дека нивоата во мирување се поврзани со кардиометаболни заболувања“.
На пример, по само 12 минути вежбање со висок интензитет, тоа довело до неверојатни 29 отсто пад на нивото на глутамат, кој е клучен метаболит поврзан со срцеви заболувања, дијабетес и намалена долговечност. Нивото на ДМГВ, метаболит поврзан со зголемен ризик од дијабетес и заболување на црниот дроб, паднал за подеднакво импресивни 18 проценти.
Јасно е дека пократките, но интензивни тренинзи навистина можат да направат чуда за вашето здравје, а постојаниот тренинг на овој начин има потенцијал да ве одржува во најдобра физичка форма подолго време.
Исто така, има многу повеќе локализирани придобивки. На пример, поинтензивниот тренинг го прави вашиот срцев мускул поефикасен, бидејќи како резултат на тоа ви треба помалку кислород за да ја извршите истата вежба. Не само што ова има позитивен ефект врз целокупното здравје на срцето туку исто така значи дека ќе можете да напредувате побрзо отколку со подолги периоди на вежбање со низок или умерен интензитет.
Мускулите низ телото исто така ги чувствуваат ефектите, а зајакнувањето на митохондриите на мускулните клетки ви помага да изградите мускули побрзо, да работите подобро и да ги постигнете најголемите можни здравствени придобивки во најбрз можен рок.