Колачињата „Орео“ ќе ја преживеат апокалипсата, бидејќи изграден е бункер наполнет со колачиња и млеко во прав отпорен на сите природни и вештачки несреќи, пренесува „Фокс њуз“. Објектот се наоѓа над пермафростот, во Арктичкиот круг.
Заканата од астероид за Земјата и предизвикувањето глобална катастрофа инспирирало неколку групи да создадат бункери не само да ги заштитат луѓето туку и ќе овозможат опстанок на одредени растенија и животни. Сега производителите на „Орео“ се осигурија нивните популарни колачиња да ги преживеат можните удари од астероид.
Бункерот е создаден поради астероидот 2018/ВП1, за кој се смета дека има мала шанса да ја погоди Земјата на 2 ноември. Веројатноста е мала астероидот да преживее кога ќе влезе во атмосферата, а „Орео“ не сака да остави ништо на случајноста.
Компанијата во видеото објавено на својата јутјуб страница објаснува како биле инспирирани од „Глобалниот трезор на семе“ во Свалбард, Норвешка, кој има објект за складирање на разни семиња и е изграден да издржи природни и вештачки несреќи. Бункерот се наоѓа над пермафростот, во Арктичкиот круг, а во негова близина е и на компанијата „Орео“.
Компанијата на својот профил на твитер објаснува како ги штити своите колачиња. Секое колаче е завиткано во заштитна хартија и може да издржи температура од минус 62 до минус 184 Целзиусови степени. Во бункерот има и шишенца млеко во прав. На вратата има кодирана брава за да се зачува содржината.