Програмата, заложбите, идеите и барањата на новоформираното Здружението за унапредување на правата на музичарите – ЗУМП – „Музика – сега!“ беа претставени на денешната прес конференција што се одржа во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје.
– Здружението, единствено од ваков тип кај нас, е формирано со цел да се крене културното ниво во земјава, во актуелните услови, но и долгорочно. За таа цел ќе се залагаме за исполнување на долгорочни планови, идеи и програми. Барањата ги ставивме во неколку точки коишто сметаме дека се од искучителна важност за унапредување на целокупната состојба во нашата фела во овие кризни времиња. Ќе се бориме за остварувања на сите права коишто сметаме дека мора да бидат регулирани во доменот на оваа професија – велат од ЗУМП, чиј претседател е Трајко Симоновски.
Тој посочи дека Здружение не е создадено само поради пандемијата, туку треба да го исполни ваакумот што трае веќе дваестеина години во оваа област.
– Сите ние што се занимаваме со музика во последниве неколку месеци се најдовме во многу неблагодарна позиција, и решивме да се организравме, бидејќи во изминатите години постојните здруженија не успеаја да ги етаблираат нашите права. Сфативме дека треба да создаеме нешто сосеома ново, базирано на чесни принципи и заедно со другите здруженија постепено да формираме унија и така да создаеме поширок фронт и конечно да излеземе од сивата зона во која се наоѓаме со години. На тој начин ќе си обезбедиме и подостоинствен живот – рече Трајко Симоновски.
Здружението „Музика- сега!“ е формирано во јуни годинава, но иако се роди во услови на глообална пандемија, негова цел не е краткотрајна. Станува збор за сеопшта грижа за статусот на музичкирте работници во Македонија, кои во изминатите неколку месеци минуваат низ многу тежок период, а некои од нив се на работ на егзистенција. Приближно во земјава егзистираат повеќе од 20.000 луѓе кои живеат од музика, но се претпоставува дека оваа бројка е значително поголема.
– Имаме протоколи за јавни настапи кои се доста конфузни, со некои несреќни формулации и бараме тие да се ревидираат во најкраток рок. Но нашата мисија ќе вклучи и решавање на проблемите со кои се соочуваме на подолг рок, а не само оние со кои се соочува сега. Меѓу другото, што е со националниот сервис – Македонската телвизија, зошто не се снимаат и емитуваат домашни коцерти? Исто така бараме дел од буџетот на локалната смаоуправа да се пренамени за настапи на домашни артисти низ републикава, според новите протоколи, што е изводливо. Министерството за култура да почне повеќе да финансира проекти од национален интерес, бидејќи слични идеи беа одбивани во изминатите години – рече музичарот Петар Младеновски, еден од основачите на Здружението.
Веќе е доставено барање до Владата, односно до Минстерството за култура, за средба на повеќе нивоа, со цел да се добие морална и финасиска поддршка за музичките работници, а најавена е и средба со други естрадни и музички здруженија, чии претставници, како гест на поддршка присуствуваа на денешната прес-конференција во МКЦ.
– Сметаме дека Министертсвото за култура треба да биде наш заштитник, поддржувач и помагател во релизација на сите проекти кои што заслужуваат да и бидат претставени на јавноста. Ние сакаме да се бориме за своите права, а не да и бидеме проблем на државата. Токму затоа бараме итна средба со релевантните институции, на која ќе бидат продискутирани сите актуелни проблеми на целата фела и ќе се обидеме заеднички да изнајдеме механизми за помош и поддршка од Владата. Притоа, ние како Здружение, заедно со сите негови членови, односно преку разни групи и музички прокети, ќе се понудиме да организираме музички настани, при што би биле опфатени сите музички правци и со правична застапеност на сите етникуми во Македонија. За овие настапи музичарите би добивале хонорари, со кои ќе можат да преживеат следните месеци. Концертите би се одржувале во Домовите на културта во местата каде би настапувале. Исто така бараме локалната самоуправа да оделува дел од годишните буџети за организирање на музички настани на територијата на целата држава – велат од ЗУМП.
Тие бараат и итна ревизија на сите актуелни протоколи за музичарите, бидејќи последните мерки на Владата забрануваат какви било јавни настапи, што се должи на непочитување на мерките од страна само на неколку конкретни локали.
– Бараме и поголема и поправична застапеност на македонските музичарите во медиумите, пред се на радио и на телевизија, бидјеќи така тие ќе можат да остварат поголеми приходи од Здружението за заштита на авторските права (ЗАМП) – беше речено на прес-конференцијата. М.Т.