Јаткастите плодови изобилуваат со протеини
Еден од најприродните и најздрави извори на протеини се јаткастите плодови.
Една порција кикиритки содржи дури седум грама протеини, поради што тие се најбогати со протеини од сите костенливи плодови. Бадемите не содржат многу калории, но се голем извор на калциум. Исто така, една порција бадеми содржи шест грама протеини, а богати се и со омега-3 киселини. Ф’стаците исто така содржат шест грама протеини во една порција, но се и извор на влакна и добро влијаат на органите за варење.
Во една порција индиски оревчиња има пет грама протеини, а задоволува и 98 проценти од нашата дневна доза бакар. Овој минерал е заслужен за градбата на црвените крвни зрнца, што е од исклучителна важност во текот на денот да имаме доволно енергија. Оревите се важни за здравјето на нашето срце. Истражувањата покажуваат дека го намалуваат холестеролот, како и ризикот од срцев удар и други срцеви заболувања. Исто така се солиден извор на протеини, во една порција има три грама. Лешниците имаат само два грама протеини во порција, но изобилуваат со магнезиум, калциум и витамините Б и Е.