Уреден дом значи и средени мисли
Ако во домот ви владее вечен хаос и не знаете како да го организирате и да го направите вашиот живот попријатен, тогаш најважно е да се ослободите од непотребните работи. За да имате „чиста глава“ и мисли, потребен ви е и чист простор во кој ќе престојувате, бидејќи ситуацијата во вашиот дом може многу да влијае на вас.
Кога има ред во околината во која живеете, вашиот ум е фокусиран и вашите мисли се јасни. Уреден дом со минимални работи е еднакво на подобар живот.
Ако се борите со еден куп работи што не ги користите, треба да се ослободите од нив, без разлика колку ви изгледа тоа тешко. Најлошо е да ги натрупувате работите и да станете собирач на сè и сешто, затоа што тоа е она што создава хаос за вас.
Веројатно веќе знаете за теоријата, која е и многу точна, дека треба да се ослободите од работите што не сте ги користеле повеќе од две години.
За да си помогнеме да ги средите работите и конечно да направите простор во вашиот дом, препорачливо е да го користите овој трик. Додека пребарувате по работите, замислете си дека сте на шопинг и сè што ќе фатите со рацете, запрашајте се дали би го купиле во моментот. Ако одговорот е не, знаете што треба да направите.