Модниот бренд „Долче и Габана“ најави соработка со универзитетот „Хуманитас“, меѓународна школа посветена на егзистенцијални науки во Милано, за да се зајакнат критичните глобални здравствени иницијативи на оваа установа.
За да покажат посветеност, Долче и Габана ја почнаа кампањата „Љубов за научни достигнувања“, која ги слави животот и убавините на Италија. Дел од проектот е и убавата глумица Софија Вергара, а во центарот на вниманието е торбичката „девоушн“.
Дел од приходот од продажбата на оваа торба ќе му биде дониран на универзитетот „Хуманитас“ за финансирање на глобалните здравствени истражувања поврзани со коронавирусот.
Инаку, овој моден детаљ може да се купи на веб-страницата на „Долче и Габана“.
– Светот се смени и се надеваме дека сето ова води кон некое ново раѓање, бидејќи сакаме да направиме нешто за идните генерации и да им овозможиме нови научни откритија – објавија претставници на модниот бренд.
Роберто Каглиеро, директор на универзитетот „Хуманитас“, изјави за „Мари Клер“ дека благодарение на донацијата на „Долче и Габана“, тимот предводен од професорот Алберто Мантовани, во соработка со виролози, работи на големо истражување поврзано со коронавирусот.