Зимата деновиве ни порача дека не е сѐ готово додека таа не одлучи. Ако не сте одушевени со ниските температури, завиткајте се во топло ќебе, студеното време преместете го на телевизиските екрани и гледајте ги најубавите десет снежни филмови.

„Среќно стапало“
Ако сте поинакви, тоа не значи дека не сте добри. Тоа е лекцијата што со многу смеење ја учиме додека малиот пингвин Мамбл се труди да го најде своето место во јатото. Ако не знаете да пеете, тогаш степувајте, порачува симпатичниот пингвин.
„Џакузи временска машина“
Кога одиме на скијање очекуваме убаво да си поминеме, но група средовечни пријатели добиваат многу повеќе. Со помош на временска машина тие се враќаат во 1986 година и добиваат можност повторно да размислат за одлуките што ги донеле во животот.

„Игра на судбината“
Кејт Бекингсејл и Џон Кјузак се запознаваат во текот на божиќната мешаница во Њујорк. Иако минуваат убав ден заедно, следната средба ѝ ја препуштаат на судбината.

„Мизерија“
Кејти Бејтс во овој филм одушевува со својата глума, за што беше наградена и со „оскар“. Таа убедливо го одигра ликот на жена, медицинска сестра, што држи во заточеништво писател кому му е голема обожавателка.

„Авиони, возови, автомобили“
Сигурно барем еднаш сте биле принудени да патувате со некој што ужасно ве нервира. Како се снајде во тоа Нил Пејџ, кој само сака да стигне дома на Денот на благодарноста. Како го глуми Стив Мартин овој лик, можете да погледнете во оваа комедија од 1987 година.

„Замрзнато кралство“
Ова е еден од најдобрите анимирани филмови реализиран во последните десетина години. Ќе ги одушеви не само децата туку и сите оние што одбиваат да пораснат. Приказната е сместена во замрзнатото кралство Аренде.

„Хана“
Серше Ронан во овој филм ја глуми Хана, тинејџерка што расте како војник, заедно со татко си во една студена дивина. Но кога ќе остане сама, сите нејзини вештини доаѓаат до израз. Партнерка ѝ е Кејт Бланшет, во улогата на снаодлива шпионка.

„Сиво“

Во возбудливиот трилер, Лијам Нисон ги предводи работниците, кои по паѓањето на авионот со кој летале мораат да се изборат со големиот студ, гладните волци и со непристапните предели на Алјаска. Доколку вашата зимска идила треба да содржи малку напнатост, „Сиво“ е вистинскиот избор.

„Мали жени“
Ова е успешна екранизација на романот на Луис Меј Алкот. Освен Винона Рајдер, Кристен Данст и Клер Јенс, кои глумат три сестри што растат во тешките услови на Американската граѓанска војна, нивното, но и вниманието на гледачите ќе го привлече и Лори (Кристијан Бејл).

„Едвард со рацете-ножици“
Ова е филм од 1990 година, во кој снегот не е во прв план, но зимската магија ја донесува низ ледените скулптури што Едвард ги обликува. Всушност оваа бајка е почеток на соработката на режисерот Том Бартон и на Џони Деп.