Во изминатата година, повеќе луѓе умреле од глад отколку од ковид-19, според организацијата „Оксфам“, која го спроведе истражувањето.
Секоја минута, 11 луѓе умираат од глад во светот, објави организацијата. Шест пати повеќе луѓе се гладни во однос со минатата година ова време, според извештајот „Вирусот на глад се множи“.
„Оксфам“ изјави дека во изминатата година повеќе луѓе умреле од глад отколку од ковид-19.
Седум луѓе умираат за една минута како резултат на инфекција со коронавирусот.
Претседателот на „Оксфам“, Аби Максман, рече дека статистиката е застрашувачка, но мора да се земе предвид дека станува збор за луѓе што страдаат и дека еден човек што умира од глад е премногу.
Гладот главно е предизвикан од воени конфликти во државите.
Максман додаде дека сега околу 155 милиони луѓе во светот живеат во неизвесност кога станува збор за храната.