И оваа година, од 12 до 14 јули, по 46-ти пат, на падините на планината Бистра во живописниот Галичник
ќе се одржи традиционалната културно-сценска манифестација Галичка свадба.Во центарот на вниманието и на годинешната најпозната македонска свадба ќе бидат галичката невеста Марина Петровска и младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник.
Од витално значење за организирањето и одржувањето на атрактивноста на оваа автентична манифестација е поддршката што ја обезбедуваат големиот број нејзини партнери и помагатели.