Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ соопшти дека утре ќе ја одбележи венчавката на принцот Хари и на актерката Меган Маркл на тој начин што на летот од Лондон до Торонто сите членови на екипажот ќе се викаат Хари или Меган.
На патниците в сабота на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ до Торонто, град во кој Меган Маркл живеела и каде што првпат заедно беа видени во јавноста, на услуга ќе им бидат двајца Хариевци и осум Мегани, а со авионот ќе управува пилотот Хари Блејк.
– Досега сум летала со уште една Меган, но никогаш со седум имењачки, така што можеби на овој посебен лет ќе треба меѓу себе да комуницираме со прекари – истакна директорката на службата за потрошувачи во авиокомпанијата, која ќе го предводи екипажот.
Во соопштението „Бритиш ервејс“ наведува дека патниците, со имиња Хари и Меган, кои ќе патуваат со овој посебен лет на денот на свадбата, ќе бидат сместени во прва класа.