Домување

Во палетата на бои во ентериерот следната година, покрај небесносината, ќе доминира и бојата на жалфијата, што воопшто не нѐ чуди, бидејќи секому му се потребни свежина и енергија на обновување во домот. Шумските тонови отсекогаш биле пожелни во кујната, потоа во трпезаријата, но и во спалната и бањата, бидејќи придонесуваат за чувството на благосостојба, но и смируваат и мотивираат за творење. Овој пат станува збор за споменатата нијанса што полека го презема приматот во нашите домови.
Зелената боја на жалфијата нè асоцира на југот на Франција, а се издвојува во однос на приближната валеријана. Нејзината предност е што одлично се вклопува во преостанатиот дел од ентериерот, но ги истакнува и неутралните парчиња мебел. Таа е одличен избор за бојадисување на ѕидовите, бидејќи визуелно го проширува просторот, а наедно го внесува и духот на селските куќи уредени со вкус. Во бањата и спалната соба се присутни детали од лен или најфин памук, а сите што сакаат допир на модерното, треба да размислат за примеси на метал.
Белата боја и предметите направени од дрво совршено ја дополнуваат оваа зелена боја, која во целина создава природен амбиент. Црната боја треба да се избегнува или евентуално да се остави присутна само дискретно, додека розовата е добредојдена во спалната соба. За простор со личен печат може да се земе предвид и бојата на сенфот, како и петролеј-сината.