Британската авиокомпанија „Џет 2“ ѝ наплатила на патничка 94.000 евра надомест и трајно ѝ забраниле пристап до авиони на компанијата поради нејзиното агресивно однесување во авионот, поради што леталото морало да биде пренасочено во придружба на воен авион, објави Си-ен-ен.
Компанијата ја обвинила Клое Хејнс за низа агресивни, навредливи и опасни постапки, вклучително и за обид да ја отвори вратата на авионот за време на летот од Лондон до Даламан. Екипажот за тоа време морал со помош на другите патници да ја спречат Хејнс, а авионот на крајот, поради тој инцидент, бил пренасочен назад во Лондон во придружба на авион на британските Кралски воздушни сили.
Портпаролката на полицијата во Есекс изјавила дека Клое Хејнс (25) е уапсена веднаш по пристигнувањето на „Станстед“ под сомнение за напад, криминална штета и загрозување летало. Таа била ослободена со кауција до 30 јули.