Фото:Маја Јаневска Илиева

Синоќа се одржа најпопуларната манифестација на домашната сцена, „Златна бубамара на популарноста“. По 28 пат, преполната арена „Борис Трајковски“ ги собра љубителите на хуморот, кои неколку часа уживаа во уникатното сценарио на Ранко Петровиќ, но и во настапите на бројните македонски и регионални музички ѕвезди.

Се доделија многу „Бубамари“, а хуморот и оваа година им беше доверен на Сашко Коцев, Тино Костадиновски и Жарко Јовановиќ.

Вечерта традиционално ја отвори сопственикот на радио „Бубамара“, Ранко Петровиќ, по што следеа настапи на Сашо гигов – Гиш, Ана Петановска, Сузана Спасовска, Дарио, Казухиро Котецу кој дојде дури од Јапонија за манифестацијата, Калиопи, Игор Џамбазов, кој ја рецитираше „Тешкото“, групата „Меморија“ и многу други музички имиња.