Митови и легенди што ги следат малите европски држави

Кога станува збор за најмалите држави во Европа, како Ватикан, Монако, Сан Марино, Малта и Лихтенштајн, постојат многу митови.

Ватикан

Жителите на Ватикан, наводно, не смеат да излезат на улица со голи раменици, во кратко здолниште или куси панталони. Исто така, можете да најдете информација дека гласните забави до зори се забранети. Една од бизарните гласини е дека до полноќ гостите мораат да ја напуштат државата. Единствено можат да останат да преноќат само блиските и роднините на месното население.

Монако

Од едниот до другиот крај на оваа мала држава се стигнува за 40-50 минути, навел еден од корисниците на мрежата за патувања „Редит“, само не потенцирал на кое превозно средство мисли. Еден од бисерите за оваа земја гласи дека е тешко да се дојде до пасош во Монако. Но не е точно дека го добиваат само оние што се родени таму или што ќе се венчаат со некој од Монако. Но ни во случај на женидба, пасошот нема да го добиете веднаш, туку по 10 години брак.

Сан Марино

На чело на Сан Марино се наоѓаат двајца капетани што се избираат на шест месеци. За време на владеењето, не им е дозволено да управуваат со автомобил, велат некои, но тоа не е точно. Се зборува дека во државниот затвор долго време имало само еден затвореник. Сепак, некои привилегии му биле обезбедени, па имал на располагање телевизор, сала за вежбање и библиотека. Тука, на еден жител доаѓа по 1,6 автомобил.

Малта

Постои мит дека на Малта е забрането трчање на јавни места, а исто така дека мобилна скала не смеете да заборавите на улица. Имено, се раскажува дека доколку постои нешто што теоретски може да им помогне на крадците, тоа не смее да се остави на улица. Земјата, сепак, не е толку густо населена, па некаде можете да бидете и сами колку што ви душа сака.

Лихтенштајн

Ова е држава во која сиромаштијата и службено не пости, а исто така повеќе од половината од вработените доаѓаат од Австрија, Швајцарија и од Германија. Ова е уште еден мит, бидејќи, наводно принцот на Лихтенштајн, Ханс Адам Втори, се движи без придружба. Застанува да поразговара со луѓето и прави забави за сите жители. Тоа би било интересно, но, за жал, сепак, не е вистина.