Постојано се онлајн
Новото глобално истражување открива дека милиони луѓе поминуваат повеќе од половина од своето време на интернет, а феноменот е особено изразен во Европа. Во истражувањето спроведено во 24 земји, меѓу кои десет европски, 28 проценти од испитаниците рекле дека постојано се онлајн.
Најголемиот удел на таквото однесување се бележи во Јапонија (56 проценти) и Јужна Кореја (49 проценти), додека најнизок е во Нигерија (13 проценти) и Грција (14 проценти), покажува истражувањето на американскиот истражувачки центар „Пјеу“, спроведено на почетокот на годината. Во Европа, предничат Шпанија, Обединетото Кралство, Франција, Шведска и Италија, каде што повеќе од 90 проценти од жителите имаат домашен пристап до интернет. На спротивниот крај на листата е Унгарија, во која 12 проценти од испитаниците изјавиле дека воопшто не користат интернет.
За споредба, во Кенија и Индија дури една третина, односно повеќе од третина од анкетираните, не користат интернет редовно.




































